Македонката Натали која живее во Канада, решила да се врати во Македонија заедно со нејзиното семејство. Оваа одлука ја донеле едногласно. Натали говори за животот во Канада, секојдневните проблеми и причините поради кои Натали и нејзиното семејство се одлучиле да се вратат во Македонија.

Високи цени на прехранбени продукти

Цените за кирија и другите трошоци се толку високи, што луѓето често штедат за храна. Цената на прехранбените продукти е толку висока, што и луѓе со добро платена работа не можат да си дозволат да се опуштат.

Натали посочува дека многу жители на Канада се жалат, а тоа може да се види ако напишете Canada crisis 2023 на Google.

Скапа кирија и големи каматни стапки 

Кирија во Торонто за еднособен стан изнесува 2600 долари месечно. Ова ги принудува луѓето да бараат цимери. Каматните стапки постојано растат и граѓаните не можат да си дозволат кредит за дом.

Образовниот систем и пазарот на труд

Натали завршила факултет и постдипломски студии, за кои насобрала долг од 60 илјади долари. Многу луѓе во Канада завршуваат факултет и немаат работа по неколку години.  Најчесто вработување е тоа на договор кое не нуди здравствено и пензиско осигурување.

Миграција и безбедност

Канада е позната по својата мултикултуралност и толерантност. Напливот на голем број бегалци креира проблем и категорија на бездомни луѓе. Натали тврди дека во Торонто не е безбедно. Торонто станува град кој не е безбеден ниту денски, а ниту кога користите Јавен превоз поради високата стапка на криминал.

Секоја земја има проблеми, Македонија има свои проблеми, но животот тука е со помалку стрес, луѓето повеќе се дружат и помагаат вели Натали.

Натали најави ново видео за животот во Македонија и неговите добри и лоши страни.