Проектот за антимон во Крстов Дол, во близина на селото Луке кај Крива Паланка, ќе добие грант од пет милиони долари за понатамошен развој, најави премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон.
Мицкоски го издвои проектот како една од првите конкретни иницијативи во рамките на продлабоченото стратешко партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.
– Таму се присутни со грант од пет милиони долари за развој на проектот во Крстов Дол, во местото Луке, Кривопаланечко, но тоа е само почеток – изјави премиерот.
Антимон е критичен и редок минерал, најчесто користен во воената индустрија. Секако, постојат и некои други примени, но генерално, кога зборуваме за антимон, зборуваме за воената индустрија.
И во тој поглед, мислам дека со завршувањето на овој проект ќе можеме да ја зголемиме важноста на мојата земја и истовремено да го зголемиме богатството на граѓаните и економскиот стандард, бидејќи, како што реков, според првите извештаи, резервите се многу поголеми од збирните резерви на денешните прв и втор продавач во светот, нагласи Мицкоски.
