Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска обвини дека ПР политиките на Башановиќ го довеле СДСМ до, како што рече, „дното“ во однос на довербата кај граѓаните.

Според Манасиевски, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ужива доверба од 3,6 отсто од граѓаните, додека довербата во партијата изнесува 4,9 отсто.

„Со ваквите политики и односот кон граѓаните и медиумите – и овој рејтинг им е добар“, изјави Манасиевски.

Тој додаде дека СДСМ претходно тврделе дека довербата во ВМРО-ДПМНЕ опаѓа, додека кај нив расте, но оцени дека, како што рече, „уште една лага се распрсна како меур од сапуница“.

Манасиевски посочи дека во СДСМ сега се соочуваат со лоши рејтинзи и, според него, не знаат како да се справат со ситуацијата.

„Едно од решенијата е да го сменат ПР-от или раководството, во спротивно ги очекува длабока хибернација во опозиција“, порача Манасиевски.