– Изминативе три години неколку пати ја раскопуваа оваа улица за на крај да резултира со уништување на зеленилото. Можеби за 30 години повторно ќе ја видиме Орце Николов во светло каква што беше до вчера. Нивните говори се полни со приказни за зелено, урбано Скопје, но делата на Шилегов и Богдановиќ се доказ дека тоа е само уште една лага во низата. Ова е доказ дека владеете со злоупотреба на довербата, а граѓаните нема да ви го заборават ова самоволие. Животна средина не е само збор кој се користи во предизборна кампања, тоа е начин на делување кој за Шилегов и Богдановиќ е непознат. Револтот кој го создадовте ќе биде ваша слабост на изборите, истакна таа.

Митева им порача на градоначалниците на СДСМ дека најдоброто за нашите општини е што поскоро да заминат.

– А најлошото е вашиот печат. Излезната врата ќе ви биде покажана за неколку месеци од денес, посочи портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.