Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика.

-Ги финализираме галериите, најтешкиот и најкомплицираниот дел од автопатот Кичево – Охрид.

Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Наскоро отвораме за сообраќај уште 10 километри автопат.

Ја градиме Македонија!, објави на социјалните мрежи Николоски.