Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика.
-Ги финализираме галериите, најтешкиот и најкомплицираниот дел од автопатот Кичево – Охрид.
Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Наскоро отвораме за сообраќај уште 10 километри автопат.
Ја градиме Македонија!, објави видео на социјалните мрежи Николоски.
