Тежок и емотивен натпревар за фудбалерите на националната арена вчеравечер каде освен фудбалот, се обрна внимание за бендот „ДНК“ и жртвите од пожарот во Кочани. Во дуелот со Велс во трилер завршница крајниот резултат беше заврши нерешено, 1:1. Сепак, за многумина фудбалот беше во втор план. Бендот „ДНК” беше испочитуван со аплауз на полувремето на фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Велс.
Бендот „ДНК” на чиј настап се случи големата трагедија во Кочани и чиј член Андреј Ѓорѓиевски загина во пожарот беше вечерва испочитуван во Скопје. Навивачите со аплауз ил оддадоа на почит на бендот „ДНК“ и на сите жртви од страотниот пожар во Кочани.
Погледнете го видеото во продолжение:
View this post on Instagram
Меѓу жрвите од оваа страшна трагедија се и седум членови од тимот на ДНК. Покрај главниот вокал, Андреј Ѓорѓиески, меѓу загинатите беа и Филип Стевковски, Андреј Коларов, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Сара Пројковска, Игор Велков и Мартин Атанасовски – Буцо, додека Владимир Блажевски-Панчо беше хоспитализиран со изгореници, но е надвор од животна опасност. Ана Костадиновска, придружен вокал, се лекува дома.
Седум членови од тимот на ДНК – седум загуби
„Покрај Андреј Ѓорѓиески, меѓу загинатите во пожарот во Кочани се и музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков и бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо“, потврдија надлежните.
Првичната потврда беше за Филип Стевковски.
„Првично беше потврдена смртта на Филип Стевковски, кој беше меѓу првите идентификувани лица, а потоа во текот на денот пристигнуваа црни вести за останатите членови на тимот на ‘ДНК’“, наведоа извори.
Состојбата на преживеаните е следена.
„Владимир Блажевски-Панчо е хоспитализиран со изгореници, но е надвор од животна опасност. Ана Костадиновска, придружен вокал, се лекува дома“, потврдија медицински извори.