Автопатот Охрид – Кичево се приближува кон завршната фаза, а активностите на терен продолжуваат со засилено темпо, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој преку објава порача дека реализацијата на еден од најзначајните и најтешките инфраструктурни проекти во Македонија напредува и дека земјата чекор по чекор се приближува до неговото целосно завршување.

„Автопатот Охрид – Кичево ја добива својата завршница! Интензивна работа на еден од најзначајните и најтешките инфраструктурни проекти во Македонија! Чекор по чекор се приближуваме до реализација на автопатот Охрид – Кичево!“, објави Николоски.

Завршувањето на автопатот треба да овозможи побрзо и побезбедно поврзување на Охридскиот Регион со Кичево и останатите делови од државата.