-Јас не сум изненаден од таа изјава затоа што тоа е изјава од министер во влада чии што премиер кажа дека и тој бегал од часови и многу не учел па еве стигнал до премиер. Значи ако премиерот на владата кажува дека бегал од часови и дека многу не бил по учењето кое што можеме да го видиме сите, тоа не е тешко да се заклучи. Значи ако имаме премиер кој што бегал од часови и не бил по учењето нормално е да министерот за образование да вели дека на учениците им е досадно во школо затоа што веројатно и нејзе и било досадно во школо, многу многу и таа не се прославила од она што го слушам, истакна Николоски.
Тој ги коментираше законските измени во образованието.
-Ова е лечење на сопствените фрустрации, им било мака да учат, мразеле книги кога ќе видат и сега сакаат да ги укинат. Знам дека е иронично ама за вакви лудаци нема друг одговор освен иронија. Истата Мила Царовска кога беше прашана на едно интервју ама чекајте родителите немаат пари на децата да им купат таблети, таа рече па и нас ни купуваа блок за цртање, потенцираше Николоски.
Николоски за законските измени во образованието: Ова е лечење на сопствените фрустрации
Posted by Радио Лидер on Tuesday, April 27, 2021
Вели дека доколку власта реши на сила да го турка овој закон, ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира и нема да има сила која што ќе го натера ВМРО-ДПМНЕ да не го блокира овој закон.
-Доколку власта сепак реши да го турка овој закон, истиот ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира и нема ни една сила што ќе го натера ВМРО-ДПМНЕ да не го блокира овој закон. Се работи за иднината на оваа држава. Две генерации се веќе уништени затоа што втора година седат дома, а со ваква Мила Царовска и Зоран Заев ништо чудно и од септември да седат дома затоа што нема вакцини, вели Николоски.