Македонскиот математички талент Македон Димитровски оствари уште еден извонреден меѓународен успех, освојувајќи повеќе престижни признанија на натпреварот „Математика без граници“, кој се одржа во Несебар, Бугарија.

Со одличните резултати, Димитровски го освои златниот медал во индивидуална конкуренција, како и Купот за прво место. Дополнително, му беше доделена титулата „Math Star of the Tournament“ („Математичка ѕвезда на турнирот“), а беше прогласен и за апсолутен победник на Купот на градоначалникот на Несебар.

На меѓународниот натпревар по алгебра „Ludovico Ferrari“ освои сребрен медал, а заедно со својот тим се закити и со бронзен медал во екипна конкуренција.

Со овие достигнувања, младиот математичар уште еднаш го потврди својот исклучителен талент, посветеност и континуирана успешност на меѓународната сцена.

Неговите резултати претставуваат значајна промоција на македонската математика и се силен поттик за младите да вложуваат во знаењето и науката .