Министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за бугарски медиуми истакна дека над 40 лица се загинати во страшната несреќа што се случи во Бугарија.

Според тоа што го знам, туристичката агенција е од Скопје, и сметам дека повеќето граѓани се од Скопје, вели Османи.

На новинарско прашање околу тоа дали знаат на која возраст се жртвите, Османи вели дека од непотврдени информации над 10 се деца, додека пак и другите лица биле млади парови кои го искористиле продолжениот викенд.