Инцидент на собраниската седница со недолично однесување приредија пратениците од Левица. Борислав Крмов искрши компјутер, додека Димитар Апасиев го гаѓаше Мисовски со амандмани.
Евтин театар во Собранието и исценираната расправа прерасна во комедија во која сакаат да направат инцидент. Практично, од овој театар полза ќе имаат двете страни за подигнување на рејтингот.
Конкретно, пратеникот на Левица, Борислав Крмов го нападна заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски
Од говорницата, откако се обиде да ги образложи амандманите на Деловникот, Крмов, видно изнервиран почна да ги фрла хартиите од аманадманите кон Мисовски. Искрши и монитор.
Чудно е што Апасиев не реагираше вака за францускиот предлог, ниту за случајот Онкологија.
Се поставува прашањето каде во овие моменти беше обезбедувањето во Собранието? Дали не реагираше по нечија наредба или ги остави работите токму вака да се одвиваат испланирано?