– Тоа е територија и осум членки на Советот за безбедност на ООН не го признаваат Косово како држава, нагласи Полјански.
Тој додаде дека Русија не е против учеството на претставниците на Косово на состанокот. Полјански побара претставникот на Косово „ да ја смени позадината или да го отстрани знамето“ со цел да ја продолжи сесијата, по што зборуваше претставникот на Велика Британија.
Британскиот претставник одговори дека оваа сесија не е официјален состанок на Советот за безбедност на кој се применуваат тие правила и додаде дека последниот состанок има иста позадина како и денес, поради што, како што рече, „не гледа причина“ да побара од приштинскиот претставник да ја смени позадината на знамето на Косово.
Српскиот министер за надворешни работи, Никола Селаковиќ, протестираше поради злоупотребата на видеоформатот на седницата од страна на Приштина, со цел промовирање на симболи на, како што рече, „лажната држава“.