Попезните најави на владата за исполнети со голема еуфорија за „деценискиот проект“ Чебрен пропаднаа. Проектот кој владата го најавуваше како капитален за нивното владеење доживеа уште еден неупешен тендер. Како што соопшти Канал 5 телевизија, грчката компанија Архиродон не ја продолжи банкараската гаранција која истече на 31ви декември.

На 15 септември, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Фатмир Битиќи фамозно го најавија овој проект.

Конечно оваа година после 13 неуспешни тендери имаме избрано понудувач подготвен да инвестира во овој огромен проект, рече Димитар Ковачевски, претседател на влада

Битиќи на 15-ти септември рече дека се бројат деновите додека да започне овој проект, но оттогаш напредок нема.

Многу е добро после 32 години независност што почнавме да ги броиме деновите за нешто што е навистина важно за граѓаните, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања

Во секој случај проектот со Чебрен носи низа контроверзии на оваа влада. Оттука, се јавија сомнежите дека Грција сака да го преземе снабдувањето со струја на македонските домаќинства. На оваа тема често разговаравме во нашата емисија „Еспресо со Златев и Боцевски“, а една од нив е емисјата каде гостин беше пеофесорот Атанаско Тунески.

Централна тема на неговото гостување беше „Чебрен“, а професорот од машинскиот факултет категоричен е дека „Чебрен“ мора да биде наш македонски проект.

Тунески смета дека со паметно менаџирање на средствата Македонија како држава може да го гради овој проект и да остане наш проект.

„Чебрен“ мора да биде целосно македонски проект, а не на странците, дициден е Тунески.

Според него државата не смее да го продаде Чербен бидејќи така го губиме нашиот суверенитет.

Соседот не може да влезе кај нас и да управува со нашиот дом. Сакаме добрососедски однос со нив, но било кој од нашите соседи не може да биде главен во нашиот дом, вели Тунески за Радио Лидер.