Службите за итни случаи прогласиле 13 мажи и 4 жени мртви на местото на настанот, а мотивот за пукањето се уште не е познат, се вели во соопштението на јужноафриканската полициска служба објавено на мрежата Х, објави CNN.

Полицијата соопшти дека осум неидентификувани мажи отвориле оган врз гостите кои пиеле пред паб во Ведела, округот Вест Ранд, во саботата навечер по локално време, пред да влезат во барот и „да продолжат да пукаат во гостите внатре“.

Според полициските службеници, наводните напаѓачи биле вооружени со пиштоли и пушки АК-47.

 

Петнаесет лица со прострелни рани се пренесени на лекување во медицински установи.

– Пријавено е дека гостите пиеле внатре и надвор од локалот кога пристигнале осомничените и отвориле оган кон оние надвор. Осомничените потоа влегле во барот и продолжиле да пукаат во гостите внатре, напишала јужноафриканската полиција на мрежата Х.

Во оваа фаза се уште никој не е уапсен, соопшти полицијата, објави Интернационале.