Американскиот претседател Џо Бајден го најави украинскиот претседател Володимир Зеленски како Путин на самитот на НАТО.

Американскиот претседател Џо Бајден направи гаф кога го најави украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на НАТО во Вашингтон како руски лидер Владимир Путин.

„Сега сакам да му дадам збор на претседателот на Украина, кој има храброст, но и одлучност, дами и господа, претседателот Путин“, рече Бајден сакајќи да го најави Зеленски на говорницата.

По кажаното, настана краток молк, а Зеленски се замисли и не знаеше како да реагира бидејќи не очекуваше ваква грешка.

 

Но, за среќа, Бајден во следната секудна се корегираше и му даде збор на Зеленски и го покани да се качи на говорницата. Дали Бајден се поправи самиот или некој од неговите советници му кажа што направи, не е баш јасно, но тој набрзо рече: „Ќе го победиме претседателот Путин. Претседателот Зеленски. Толку сум фокусиран да го победам Путин“, рече Бајден, поправајќи се.

Зеленски одговори на грешката на Бајден: „Јас сум подобар (од Путин). Бајден му одговорил: „Пеколно си подобар“, додека некои во салата се смееле, пред Зеленски да го започне своето обраќање.