Во неделата, еден од ролеркостерите во забавен парк во Висконсин се заглавил и останал да виси во воздух. Осум патници останале заглавени и виселе наопаку повеќе од три часа, соопшти пожарникарската служба Крандон.
„Имаше механички дефект за време на возењето и ролеркостерот се заглави во исправена положба“,изјави капетанот на противпожарната служба Бренан Кук.
На видеата на социјалните мрежи се гледа како спасувачи се качуваат до ролеркостерот додека патниците чекаат наопаку. Поради висината на возот, на помош била повикана специјална опрема и спасувачки екипи, се наведува во соопштението.
Десет противпожарни возила, девет возила на брза помош и 50 лица од три области учествувале во спасувањето на патниците, соопштија пожарникарите.