Хеликоптерот на Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР во 12 наврати исфрлил 36 тони вода врз огнот кај Отовица, објави МВР со видео снимка од гаснењето на пожарот.

Единицата вчера учествуваше во локализирање на пожарот кај велешка Отовица, којшто беше пријавен дека настанал во 13.40 часот на автопатот Велес-Скопје, поточно меѓу автопатот и железничката пруга, пред мостот кај наплатната станица „Отовица“.

Во пожарот беше зафатени сува трева и борова шума, а беше локализиран по интервенција на два авиона „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и полицискиот хеликоптер.