Припадниците на КФОР лежат повредени на улица. Ова се гледа од видео снимено вчера на Косово.
Радио Слободна Европа објави дека тие интервенирале откако претходно ги предупредиле насобраните демонстранти. Српското население протестира против новоизбраните албански градоначалници на општините на северот на Косово, кои на 26 мај полицијата ги внесе во општинските згради. Српскиот претседател Александар Вучиќ, синоќа во неговото обраќање изјави дека повредени се 52 Срби, од кои тројца потешко и 41 припадник на КФОР.
Вучиќ на средбите со кинескиот и рускиот амбасадор, апелираше до Кина да влијае на меѓународната заедница со својот огромен меѓународен углед за да се постигне итен прекин на насилството врз Србите. Неколку дена по ред има тензии на Косово. Србите бараат формирање на Заедница на српски општини и косовските специјалци да се повлечат од северот.