На денешната пленарна седница во бугарското Собрание денеска избила тепачка помеѓу пратениците на политичката партија „Преродба“ и пратениците од партијата „Продолжуваме со промените“.
Како што објави бугарската БНТ1, пратениците од „Преродба“ побарале од пратениците на „Продолжуваме со промените“ да го напуштат Парламентот, бидејќи дозволиле државата да ја преземат странски амбасади.
Пратениците од ПП-ДБ веднаш го возвратиле ударот и им порачале на колегите од спротивниот табор дека членуваат во проруска партија.
За време на седницата се разменувале реплики, а на крајот дошло и до физичко насилство помеѓу пратениците.
Микрофоните во салата биле исклучени затоа што во Собранието била распишана пауза.
Во продолжение, погледнете го видеото: