Две лица загинаа кога хеликоптерот во кој се наоѓале се судрил со едномоторен авион во предградието на американскиот град Феникс, во сојузната држава Аризона.

Авионот безбедно слетал, инструкторот за летање и ученикот не се повредени, додека двете лица од хеликоптерот загинале.

Полицијата соопшти дека судирот се случил во градот Чендлер, во близина на општинскиот аеродром, и дека нема повредени на земја.

Несреќата се случи во петокот, а пожарникарите и полицијата затекнале многу чад и остатоци на местото каде што се урна хеликоптерот. Пожарот бил брзо изгаснат.

Полицијата бара сведоци или луѓе кои можеби ја снимиле несреќата, со цел да се утврдат причините за судирот