Филип Ѓоргиев – лицето зад профилот „Кеса на 10“ направи убав гест, при што ја исчисти автобуската постојка „Капиштец Црква“ која беше исшарана со графити.
Во неговата објава на социјалните мрежи, тој вели: „Некои работи ги гледаме секој ден, само што веќе и не ги приметуваме“.
Инаку, Филип редовно организира акции за собирање отпад на различни локации низ Македонија. Притоа, досега чистел во повеќе градови, меѓу кои и во Виница, а собираше отпад и од дното на Охридското Езеро.
Неговиот профил има повеќе од 31.000 следбеници, а досега се собрани над 3.000 кеси со отпад.
View this post on Instagram
