Имено, станува збор за приказна која ја раскажува бугарскиот писател Љубомир Милчев – Денди, кој тврди дека европратеникот Ангел Џамбазки сакал да има секс со него, „на ливадите во Годеч“.

Во своето кажување, писателот Милчев вели дека Џамбазки „од многу убаво момче“, се претвори во „политичка проститутка од нејасна и многу јасна природа“.

– Го видов за првпат во Црвената куќа – прекрасно момче кое ги брани националните идеали. Верував во тоа! Втор состанок имавме во реалити шоу „Што сакаат жените“ во приватна млекарница во Годеч. Тој сакаше „one man show“ во неговата лимузина и по патот ми го покажа селото во кое се роди Цветан Цветанов, пишува Милчев.

Вели дека тие говореле за тоа колку Бугарите се едноставни и дека не треба да се измамуваат, но додава дека бил вознемирен затоа што во лимузината имало камера. Потоа, како што вели, Џамбазки се напил локална ракија од Годач и почнал да повраќа во ливадите.

– Многу деликатно му објаснив дека не ми е гајле за неговото „галење“, но со оглед на неговата политичка кариера тоа не е препорачливо, затоа што таблоидите ќе сакаат да кажат „Џамбазки снима порно филмови со Денди во ливадите на Годач.

Милчев на крајот завршува велејќи дека тој се обидел да го заштити Џамбазки.

– Морав да го извадам од лимузината, да му купам кафе и вода додека не се освести. Кога се разбуди, рече дека ништо од она што се случило не се случило. Од продукцијата следниот ден ме известија дека ќе ги скратат сцените кои ја загрозуваат политичката иднина на младата „патриотска ѕвезда“.

Погледнете ја целата репортажа за овој скандал кој ја тресе бугарската јавност!

 

Инаку, Џамбазки е европратеникот од бугарската партија ВМРО-БНД, кој пред неколку дена објави провокативно видео во кое вели дека Македонија е Бугарска и се закани за поделба на Македонија.