Инцидент со физичка пресметка се случи пред седиштето на Српската напредна партија (СНС) во Лазаревац, Србија, откако граѓани забележале бел теренец со отворен багажник во кој имало поголем број бејзбол-палки. Тие веднаш ја повикале полицијата, а на местото пристигнале и мобилни тимови на студентската листа.
Кога пристигнала полицијата, мажите од теренецот се обиделе да избегаат, но собраните граѓани им го попречиле патот. Набргу потоа пристигнал и автомобил „голф“ со новосадски регистарски таблички. Од возилото излегле неколку мажи, кои ги нападнале присутните, по што избила физичка пресметка.
Бидејќи полицијата не извршила увид веднаш, граѓаните самите ги скршиле стаклата на теренецот и ги извадиле палките од возилото. Ситуацијата во меѓувреме се смирила, но поголем број луѓе останале пред партиските простории, барајќи да се утврди одговорноста за инцидентот.
