-Сите треба да се изјасниме со единствен глас дека Кина мора да плати. Тие мора да платат , рече Трамп пред големата толпа Републиканци.
Трамп повика Кина да му плати на светот 10 трилиони долари за да се компензира за економската штета и да ги избрише сите долгови што другите земји ги имаат.
„Сите нации треба да работат заедно за да и достават на Кина сметка за минимум 10 трилиони долари за да ја надоместат штетата“, рече Трамп. „Како прв чекор, сите земји треба колективно да го откажат секој долг што и го должат на Кина како аванс за репарации“.
-Нациите на светот повеќе не треба да и должат пари на Кина, додаде тој.
Трамп, исто така, повика на „цврста тарифа од 100 проценти за целата стока произведена во Кина“, но додаде дека Џо Бајден никогаш нема да дозволи тоа да му се случи на неговиот добродетел.
-Не мислам дека тие сакаат да го одржат Бајден среќен. Мислам дека не се грижат премногу за Бајден, да бидам искрен , рече тој.
Поранешниот претседател се пофали бидејќи помеѓу првите тврдеше дека КОВИД-19 потекнува од Институтот за вирологија во Вухан.
-Медиумите, демократите и таканаречените експерти сега конечно го признаваат она што го реков пред 13 месеци: Доказите покажуваат дека вирусот потекнува од лабораторијата на кинеската влада, рече Трамп.
Трамп во изјавата минатата недела прво повика Кина да плати 10 трилиони долари за Американците и светот, за „смртта и уништувањето што тие ги предизвикаа“.