По ваквата одлука се исклучува секаква можност претседателот во контекст на закажаните парламентарни избори да биде кандидат на листата за избор на претставници или предложен за кандидат за премиерската функција и да учествува во политичката изборна кампања во тоа својство, заклучи Уставниот суд.

Оттаму додаваат дека кандидатурата на Милановиќ додека ја извршува функцијата претседател, на списокот на која било политичка партија или независна листа за избор на пратеници во хрватскиот Сабор и истакнување како кандидат за премиер или некоја друга функција е некомпатибилна со неговата уставната положба и овластувања и принципот на поделба на власта.

Доколку, врз основа на неговите изјави, претседателот на Републиката за време на извршувањето на таа функција се кандидира за избори во хрватскиот Сабор или се појави во јавноста како иден кандидат за премиер, мора веднаш да поднесе оставка до претседателот на Уставен суд, во кој случај должностите на привремениот претседател на Републиката на сила Уставот го презема претседателот на хрватскиот Сабор, заклучи Уставниот суд.

Во продолжение може да ја погледнете изјвата:

Во продолжние го пренесуваме и интергралното соопштение на Уставниот Суд

„Има јавен интерес, врз основа на член 125, во надзорната постапка, предупредуваме: Уставниот суд на седницата ја разгледа изјавата на Милановиќ дека ќе се кандидира како независен и непартиски кандидат на СДП. Уставниот суд ги предупредува сите органи во процесот. Во членот 96 е пропишано дека не може да врши друга јавна должност и поднесува оставка. Претседателот е непартиско лице и не смее да учествува во партиски активности.Не смее да биде на листа или кандидат.

Во членот 96 од Уставот е предвидено дека претседателот на Републиката не смее да врши други јавни или професионални должности и дека по изборот се откажува од членство во политичка партија, за што го известува хрватскиот Сабор. Претседателот на Републиката е непартиско лице и при вршењето на оваа должност не смее да учествува во политичките активности на ниту една политичка партија, што исклучува секаква можност претседателот на Републиката, во контекст на распишаните парламентарни избори, ќе биде кандидат на листата за избор на претставници или предложен за кандидат за функцијата претседател на Владата на Република Хрватска и во тоа својство да учествува во политичката изборна кампања.

Кандидатурата на претседателот на Републиката, додека ја извршува таа функција, на листата на која било политичка партија или независна листа за избор на пратеници во хрватскиот Сабор и неговото предлагање за претседател на Владата на Република Хрватска или некоја друга јавна или професионална функција е некомпатибилна со неговата уставна положба и овластувања и принципот на поделба на власта (член 4 од Уставот).

Доколку, врз основа на неговите изјави, претседателот на Републиката додека ја извршува таа функција се кандидира за избори во хрватскиот Сабор или се појави во јавноста како иден кандидат за премиер, мора веднаш да поднесе оставка до претседателот на Уставниот Суд, во кој случај должноста привремен претседател на Републиката според надлежноста на Уставот ја презема претседателот на хрватскиот Сабор (член 97, став 3 од Уставот). Изборите за нов претседател на Републиката мора да се одржат во рок од 60 дена од денот на преземањето на должноста привремен претседател на Републиката (член 97, став 5 од Уставот).

„Милановиќ и СДП мора веднаш да престанат со активностите“

Во случај на оставка на претседателот на Републиката и преземање на должностите на привремен претседател на Републиката, привремениот претседател на Републиката не може истовремено, покрај извршувањето на таа функција, да биде и кандидат за избор во хрватскиот Сабор.

Уставниот суд потсетува и дека одговорноста за правните последици од уставно неприфатливите одлуки е на нивните носители. Секое дејство или однесување на претседателот на Република Хрватска спротивно на горенаведените уставни забрани и барања е спротивно на Уставот.