Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информираше дека утрово, во раните утрински часови, била спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.
Тој посочи дека активностите ќе продолжат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје.
Дезинсекција против ларви:
- 7 мај – авионска дезинсекција;
- 11 јуни – авионска дезинсекција;
- 26 јуни – теренска дезинсекција;
- 10 јули – авионска дезинсекција;
- 23 јули – теренска дезинсекција.
Дезинсекција против возрасни комарци:
- 1 и 2 јуни – авионска дезинсекција;
- 18 и 20 јуни – теренска дезинсекција;
- 27 и 28 јуни – авионска дезинсекција;
- 13 и 15 јули – теренска дезинсекција.
„Наредната недела ќе се спроведе и теренска дезинсекција од земја, со цел дополнително сузбивање на комарците и заштита на здравјето и благосостојбата на граѓаните“, најави градоначалникот.
