Најмалата куќа во Велика Британија неодамна доби нов тросед. Ова мала куќа во Конви, Северен Велс има две соби една над друга, една на приземје и една на првиот кат. Ова се единствените простории во куќата што немаат ниту тоалет, само мијалник.
Јан Тајли, сопственикот на куќата, ја одржува како туристичка атракција шест месеци во текот на годината, иако оваа година мораше да се отвори малку подоцна од планираното поради ограничувањето на ковид-мерките.
– Мојот прадедо ја купи куќата во 1891. Но, градот девет години подоцна му рече дека е премногу мала за да биде куќа и тие сакаа да ја урнат. Но, за среќа, тој беше добар пријател со уредникот на локалниот весник, кој започна кампања за да открие дали е тоа најмалата куќа во Британија. Излезе дека е најмалата куќа и градот не ја урнал.
Сепак, утврдено е дека куќата е се‘ уште премногу мала за луѓе да живеат во неа, па затоа се користела како туристичка атракција.
Куќата е висока 3,9 метри и широка само 1,82, така што Гунисовата книгата на рекорди ја препознава како најмалата британска куќа, а таква е веќе сто години.