Богослужба во храмот „Богородично рождество“

Во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, в сабота, на 20 септември, со почеток во 17:00 часот, во центарот на Скопје ќе се одржи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество.

Литија со иконата Троеручица

По завршувањето на вечерната служба ќе следува Литија со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица, која ќе помине низ централното градско подрачје.

Покана до верниците

Скопската епархија на МПЦ-ОА ги повикува сите верници да земат молитвено учество на богослужбата и на празничната Литија.