Густ чад се гледа од автопатот во близина на Атина од шумскиот пожар што избувна во обработливо земјиште и шумска област во Варнава, регионот Атика на 11 август. Жителите и туристите се евакуирани на Олимпискиот стадион во Атина поради пожарот.
Варнава е 35 километри од Атина. Таму се запалени куќи. Осум лица се хоспитализирани со респираторни проблеми.
Сите болници во близина на огнениот фронт, кој постојано расте и покрај големите сили кои се обидуваат барем да ја ограничат стихијата, обезбедија дежурни екипи. Обидите на властите за гаснење на пожарот, сепак, засега не биле успешни.
Wildfires continue to burn uncontrollably throughout the night just north of the #Greek capital. #athens #Βαρνάβα #μαραθωνας #φωτια #πυρκαγια #Διόνυσος #wildfires @CGTNEurope @CGTNEuropebreak pic.twitter.com/DsnQkj6PD6
— Evangelo Sipsas (@EvangeloSipsas) August 11, 2024
Во акцијата за гаснење учествуваат над 400 пожарникари, над 100 возила со вода, десетици доброволци и воени единици. Во регионот на Атика дува екстремно силен ветер.
„Ситуацијата е надвор од контрола. Не можеме ни да посочиме колку километри е огнениот фронт. Не може да се контролираат елементите“, изјавија пожарникарите за телевизиските медиуми.
Може да видите повеќе од видеата во продплжение:
Crazy fire in Athens !! Stay safe pic.twitter.com/sQ5U6P3U9q
— Jade Bauer (@jade__bauer) August 11, 2024
Чадот од пожарот го зафати грчкиот главен град. Властите ги предупредуваат луѓето да останат внатре и да не отвораат прозорци.