Анализата на ИЈЗ се однесува на податоци до 19 септември, каде се наведува дека пријавени се 187.068 случаи на ковид-19. Од нив, оздравеле 167.810, починале 6.472, а активни се 12.786 болни.
Во статистиката за периодот од 13 до 19 септември, стои дека тестирани се 28.972 материјали, со намалување од 15,2% во однос на минатата недела.
Регистрирани се 3.340 нови позитивни случаи од 32 града во државата, за 3,7% помалку од минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 7,8% до 14,3%, просечно 11,4%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.669; 50,0%), а највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци.
Пријавени се 154 смртни случаи во 29 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје (70), Куманово (12), Струмица (8) и Тетово (8). Најголем број (123; 79,9%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (979, 29,3%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (143; 4,3%). Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица ка ј сите возрасни групи, освен кај возрасните групи од 0-9 каде што има зголемување за 50,5% и кај возрасната група од 10-19 каде што има зголемување за 8,2%.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.595 (47,8%) лица од машки и 1.745 (52,2%) од женски пол.
По добиени 2 негативни теста, со статус оздравени се стекнале 3.441 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, намалување од 12,8% во споредба со минатата недела.
Во текот на мината недела вкупно се пријавени 23 реинфекции, намалување од 25,8% во однос на минатата недела.
Институтот вели дека се забележува намалување на инциденцата кај 29 градови во државата во последните 14 дена во споредба со претходните 14 дена. Во 5 града се забележува зголемување, додека во два града (Пехчево и Крива Паланка), состојбата е непроменета.
Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 852 лица, а од нив 596 се на кислородна поддршка и 56 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.