Доизградба на железничкиот Коридор 8 со тунел и пруга до границата со Бугарија е врвен владин приоритет
Владата денеска соопшти дека преку Министерството за транспорт започнува со силна активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Бугарија. Одлуката доаѓа по средба на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега. Вицепремиерот и министер за транспорт Гроздан Караџов, како и по понатамошни разговори на работните групи од двете земји.
На состанокот беше конкретизирана работата за изградба на третата фаза од железничката пруга. Која опфаќа делница од Крива Паланка до границата со Бугарија и изградба на тунел кој ќе биде гранична точка.
Во рамки на тие активности, Владата на денешната седница донесе одлука за ефектуирање на Договорот за грант во износ од 3,7 милиони евра. Средствата се обезбедени од Европската инвестициска банка и се наменети за техничка поддршка.
Со грантот избраниот консултант во следниот период ќе изработи нова проектна документација и ќе ја подготви тендерската постапка за избор на изведувач. Паралелно, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура ќе започне постапка за избор на надзор на изградбата. Со цел да се забрзаат активностите.
„Преку овие активности, Владата во континуитет покажува цврста заложба во реализација на стратешки инфраструктурни проекти за државата“, соопштија од Владата.
Во соопштението се наведува дека изградбата и модернизацијата на железничката мрежа се врвен приоритет. Во рамки на тие приоритети се преземаат засилени активности за доизградба на железницата на Коридор 8. Како и изградба на брза пруга на Коридор 10.
Владата дополнува дека овие проекти имаат и регионално значење. „Со нивната реализација, државата ќе се позиционира како транзитна земја на Балканот и ќе стане дел од европските транспортни рути, што носи повеќекратни придобивки“, наведуваат од Владата.
Проектите за развој и модернизација на железничкиот систем се дефинирани како стратешки, со цел регионално поврзување, забрзан економски развој и отворање на нови пазари за домашните компании, се додава во соопштението.