Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, на седницата, согласно дневниот ред, ќе биде разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, по скратена постапка, на предлог на Министерството за здравство.

Покрај другото, на предлог на Министерството за образование и наука, на дневен ред за разгледување е и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за просветна инспекција, како и повеќе информации и извештаи за планирани и реализирани проекти на одделните министерства.

За донесените одлуки и заклучоци од Владината седница, јавноста ќе биде известена преку соопштение.