Власта со хаотични и неодговорни изјави е причината поради која граѓаните стравуваат. Не може на власта да им бидат граѓаните виновни кога самите со својата контрадикторност создаваат сомнежи, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за економија Бектеши во една изјава тврди дека во Македонија има доволно масло за јадење, а од друга страна со официјално известување бара трговците да ја ограничат продажбата на маслото за јадење.

На крајот пораката на владата е има масло, ама немојте да го купувате.

Граѓаните со право се загрижени и уплашени бидејќи власта во континуитет создава недоверба. Еднаш велеа дека има доволно пченица, за потоа да видиме дека бара пченица од соседите. Еднаш велат стоковите резерви се полни, а никогаш не кажаа колкави количини се обезбедени, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.