Владата на денешната седница го усвои Дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се вградени одредени прераспределби на средствата. Дополнетиот предлог се усвојува по завршувањето на расправата во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет и повторно ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија за финално усвојување на пленарна седница.

Со усвоениот Дополнет ребаланс се извршени реални реалокации помеѓу буџетските корисници со јасна цел за усогласување на реализацијата со планираните финансиски износи до крајот на тековната година, како и непречено сервисирање на приоритетните законски исплати.

Според предложените измени, вкупните приходи се проектирани на 374,2 милијарди денари, што претставува намалување за околу 5,3 милијарди денари во однос на претходните пресметки. Вкупните расходи се намалуваат за идентичен износ и сега се планирани на ниво од 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува непроменет на ниво од 46,3 милијарди денари, што претставува 3,9 проценти од бруто-домашниот производ.

Проекцијата за економскиот раст со предложениот Ребаланс за 2026 година изнесува 4,3 проценти.

Сите предложени измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година се направени со намера целосно да се усогласат јавните финансии со новите економски услови, остварувањата во текот на целата година и вистинската динамика со која се реализираат буџетските расходи.