Владата ќе достави предлог до Собранието за продолжување на кризната состојба во земјава за уште шест месеци, односно до 31 декември 2021 година, соопшти Владата.
-Со оваа предлог-одлука се предлага на Собранието на Република Северна Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 31 декември 2021 година, се вели во соопштението.
Владата на седница на 1 декември 2020 година прогласи шест месечна кризна состојба на целата територија заради заштита на јавното здравје од пандемијата на Ковид-19, откако претходно такво нешто препорача и Советот за безбедност.
Владата на денешната седница го усвои Записникот од Тринаесеттата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и го утврди Предлогот на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територија на Република Македонија за дополнителни шест месеци.