Со одлука за закуп на државно земјоделско земјиште Друштвото за производство, преработка, трговија и услуги Агро Кожувчанка ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци ќе стопанисува со 1ха 42ар 50м2 лозја во местото Краишта во КО Глишиќ.
Владата ја донела одлуката е донесена на 5 јануари годинава, а се однесува за временски период од 24 години, односно до 16 февруари 2045 година.
Имајќи го сето ова во предвид, често се поставува прашањето дали и оваа одлука претставува своевидна награда за Митко Јанчев, поточно за неговата улога во креирањето раздор во опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Не се потребни длабоки политички познавања и проникливост за да се сфати дека Митко Јанчев е уценет бизнисмен и политичар Митко Јанчев. Близок со братот на премиерот, бизнисменот Вице Заев, тој е „совршена контролирана опозиција“ за Зоран Заев. Откако го фати „Правиот пат“ на СДСМ, Јанчев се обиде да го урне ВМРО-ДПМНЕ создавајќи вештачка внатрешна криза, која му оди во прилог само на Заев.
Семејството Заеви добило градежни парцели од кавадаречкиот градоначалник уште во 2018 година, а тој пак добива од државата на користење државни лозија.
Во услови на целосен распад на државата градоначалникот на Кавадарци во ноември организираше протести пред седиштето на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Иако протестите „завршија“ како што и беа најавени – онлајн, Митко се промовира себеси како претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Хронолошки гледано Митко Јанчев оживува на политичката сцена како супермен кога треба да го спасува „побратимот“ Зоран.
Во момент кога претендентот Јанчев тргнува во бизнис-битка за партискиот трон на ВМРО-ДПМНЕ, во државата дневно се регистрираат илјада заразени од корона, а умираат триесетина. Во болниците нема место за заболените од ковид, а нега и медицинска помош не добиваат ниту хронично болните. За вакцини веќе и не станува збор. Додека Јанчев го урива ВМРО-ДПМНЕ, луѓето бараат српски телефонски броеви за да закажат за вакцинирање во соседството.
Воскреснувањето на кавадаречкиот градоначалник Јанчев, кој стана татко на Кавадарци со поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, а на последните избори работеше во корист на СДСМ, во овој момент е само одвлекување на вниманието на јавноста од суштинските проблеми. Дефокусот има единствена цел, а тоа е Митко Јанчев да му помогне на Зоран Заев вртејќи ги очите на јавноста кон несуштински теми.