Веќе ништо нема да биде исто на македонската музичка сцена. Андреј од дуото ДНК загина, а состојбата на Панчо се влошила.
Седум членови на тимот на „ДНК“ меѓу загинатите во пожарот во Кочани
Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски вечерва упати апел за молитва за сите повредени во трагедијата во Кочани. Таа објави дека Владимир, или попознат како Панчо од ДНК, е на апарати, а неговата здравствена состојба е влошена.
Панчо од ДНК на кислородна поддршка со изгореници на раката и лицето
-Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир Панчо, мојот мал Буцо од детството кој ме носеше на пица да ме части, а имаше само 12 или 13 гоедини. Буцо кој е голем борец, патриот, хуманитарен, уметник! Молитвата е моќна кога е од срце. Господ да се смилува и сите кои преживеаа, а се во тешка состојба да ги исцели и да им дари живот.
Панчо мил, Те молам не се предавај!!!
Владимир е во Систина, префрлен е вечерва. Состојбата му е влошена. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим. На апарати е.