Во продолжение го пренесуваме соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ:

Убедлива двојна предност за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски покажува најновата анкета спроведена од агенцијата Маркет Вижн од 5 до 16 јуни.

На прашањето за која партија ќе гласате наредните избори, дури 22 проценти од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДС само 11,5 проценти од анкетираните граѓани. Тоа значи дека разликата е речиси двојна за ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните одбираат промени, надеж и иднина. А тоа го покажува и растечкиот рејтингот на Христијан Мицкоски. Имено, на прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, дури 12 проценти од граѓаните одговориле дека најмногу веруваат во претседателот Мицкоски, додека само 6.1 од испитаниците одговориле дека веруваат во Димитар Ковачевски, односно дупло помалку.

Доколку се направи споредба со анкетата направена во февруари од истата агенција Маркет Вижн, претседателот Мицкоски има раст во рејтингот, за разлика од Ковачевски кој има пад во рејтингот.

Паѓа рејтингот на СДС и Ковачевски. Граѓаните немаат доверба во СДС и Ковачевски.

Токму и поради ова Ковачевски и СДС бегаат од избори. Но колку повеќе бегаат, толку повеќе паѓа рејтингот на СДС и Ковачевски.

Ниту еден премиер претходно, ниту влада немале помал рејтинг од сегашниот рејтинг на Ковачевски и СДС.

Анкетите покажуваат дека СДС доживува дебакл, народот го препозна криминалот на СДС и Ковачевски и е против оваа неспособна и криминална влада.

Промените ќе се случат многу набрзо!