Оттаму посочуваат дека и покрај тоа што истата била шеф на кабинет на Бучковски и функционер во владите на СДСМ, Црвенковска има уште една поврзаност со врвот на СДСМ.
– Црвенковска не е и не може да биде непристрасна затоа што е партиски функционер од СДСМ кој низ годините била на високи позиции. Црвенковска никогаш не била судија, а треба да оценува судии. Небулозите на СДСМ немаат граници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Најголемата опозициска партија ја повикува ДКСК да го забрза случајот со Црвенковска, а ЈО да отвори случај за можни злоупотреби.
Црвенковска да си даде оставка, бара ВМРО-ДПМНЕ.
– Нејзиниот кредибилитет е нарушен, а со тоа и се доведуваат под знак прашалник сите нејзини одлуки“, стои во соопштението на најголемата опозициска партија.