Посочените лица се блиски соработници на претседателот Мицкоски колку на Ковачевски што му е близок соработник Илон Маск. Но, шегата на страна, во присуство на сериозни афери за убиени деца, за милионски тендери и криминал на сите страни, СДС одбира да ја забавува јавноста со фотографии кои не само што не докажуваат ништо, туку и се редат во намерен контекст, се измислува некаква близина само со цел да се води црна кампања за покривање на сите нивни неуспеси и афери, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по однос на прес конференција на СДСМ.

„Ако имало било што незаконски во фотографијата во која има некое си лице, убедени сме дека Спасовски ќе го решеше однапред и едвај чека да најде нешто сомнително, но реалноста е дека ниту има такво нешто, туку се прави театар за јавноста да се покријат сопствените слабости. Единствената фабрика за марихуана која ВМРО-ДПМНЕ ја знае, а која што истовремено и на јавноста и е позната се оние фабрики кои растат во Струмичкото поле и кои се во посед на фамилијата која ја поседува СДС. Кампањата за тоа кој со кого се сретнал може да ја започнеме со нарко кланот од Грчец, турскиот мафијаш Седат Пекер, кој иако претходно протеран од државата доби македонски пасош со лажен идентитет во македонска полициска станица“, велат од партијата.