ДУИ и СДСМ се двете партии кои не направија ништо ниту за Македонците, ниту за Албанците, но највеќе направија за своите џебови и богатење на лични сметки, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ застана во одбрана на својот партнер во криминалот и власта ДУИ и реагира на се погласните прозивки за скандалите кои се случуваат и во дворот на ДУИ. Тоа е така зошто и СДСМ и ДУИ се лицето и опачината на криминалот во Македонија. Соопштенијата со одбрана на СДСМ само кажуваат каква криминална група владее со државата. ДУИ и Ахмети секогаш кога сака да се додвори на странците се откажува од Косово, и го сака Отворен Балкан каде Косово не се споменува, а секогаш кога крадат и врват тендери во 4 очи тие глумат загрижени патриоти, велат од партијата.
Од таму додаваат дека СДСМ секогаш кога им требаат гласови ветуваат лажно се и сешто, и не исполнуваат ништо, а кога ќе треба да крадат тие се најдобри партнери на ДУИ.
-Ваквата политика и Македонците, и Албанците како и сите останати граѓани во Македонија ги донесе на работ на егзистенцијата. 20 години ДУИ е дел од сите скандали и афери на оваа држава, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.