Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, очекува кандидатот на неговата партија, Стојанчо Радичевски, да победи на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

„ВМРО-ДПМНЕ има очекување кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешното пуштање во употреба на новата когенеративна постројка на „Теса енерџи“.

ВМРО-ДПМНЕ синоќа соопшти дека Стојанчо Радичевски ќе биде нејзин кандидат за градоначалник на Брвеница. Коалицискиот партнер на партијата, Вреди, исто така вчера објави дека на изборите ќе настапи со свој кандидат, Јакуп Хусеини.

Предвремените локални избори во Брвеница беа распишани по ненадејната смрт на градоначалникот Јовица Илиевски.