Димитар Ковачевски е пиун и избор на губитникот Заев затоа што тој може најдобро да го одржува заевизмот на власт, кој ја тоне државата секој поминат ден. Затоа неговиот избор нема да донесе ништо добро на земјата, туку само ќе служи како маска на мафијата која и понатаму ќе ја ограбува Македонија, велат од ВМРО ДПМНЕ

Ковачевски да знаел нешто да направи добро за граѓаните можеше тоа да го направи од позицијата во владата досега. Видовме колкави се неговите капацитети. Македонија е на дното по странски инвестиции, имаме најлоши економски показатели во регионот, капиталните инвестиции не се реализираат, а државата галопирачки се задолжува. Наместо ветуваните растови на економијата гледаме како стандардот на граѓаните тоне од ден во ден, велат од партијата

Не може луѓето на заевизмот кои ги создадоа кризите, да бидат решение. Целиот театар за наводни избори за заменик на Заев се само обид да се дефокусира од проблемите во кои Заев ја заглави Македонија.

Решението не е само заминување на Заев, туку и расчистување со заевизмот. Затоа се потребни итни предвремени парламентарни избори.