Народот се мачи како да ги плати сметките за струја и чека ред на бензинска, а Бислимоски се гоштева во Дубровник.
Бислимоски со одлука на РКЕ во изминатиов период ја покачи цената на струјата за 30%. Граѓаните кои плаќале сметка од 3.000 денари, сега плаќаат 4.000 денари.
Тој ги покачи цените нa горивата, кои пораснаа за 70%, и не се спротивстави на владата кога ја покачи акцизата за 13.13 денари. Заради СДСМ и Бислимоски сега плаќаме поскапо гориво.
Бислимоски е одговорен за давање на лиценци за трговија со струја, и тој му даде лиценца на синот на Зоран Заев.
Откако го направи сето ова, и откако народот се соочува со раст на цените на сите производи и за 70%, а 500.000 живеат со 150 денари на ден, тој без проблем седи во луксузен ресторан во Дубровник.
И да биде трагедијата поголема, Бислимоски се вади дека сам си го покрил патувањето, па секако дека тоа е најмалку што може да направи со плата од 130.000 денари, што е еднаква на 7 минимални плати, односно со која преживуваат 7 семејства, т.е. и до 28 наши сограѓани.