Поради губитникот Заев Македонија оди назад.
СДСМ 4 години се на власт, а Македонија тоне на листите за криминал и корупција. 111 место на листата на Транспаренси е заради криминогеноста на Заев и луѓето околу него.
Нема тендер кој е реален. Видовме како функционерите од СДСМ не ги објавуваат единечните цени на производите кои ги купуваат со јавни пари, но и како се плаќа повеќе од двојно од реалната цена.
СДСМ гледа на буџетот само како средство за делење на тендери на ним блиски фирми.
4 години нема одговорност ниту за еден претставник од власта, а сомнежи и индиции за криминал има на секаде.
Сите го видовме видеото во кое се гледа какк Ден Дончев става туце пари во торба, и за тоа нема одговорност.
Сите видовме како се изнесува ташна полна милиони, за подоцна тој што ја носеше – Бојан Јовановски, да каже дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев.
Со СДСМ нема одговорност за Заев и луѓето околу него. Со СДСМ имаме граѓани од прв у од втор ред.
Да ставиме крај на поделбите на граѓани од прв и втор ред на СДСМ и Заев. Македонија за сите луѓе!