Ребалансот е доказ за лошата политика на СДСМ, долгот ќе се зголемува, а проекти нема, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата оди со ребаланс на буџетот, кој пред 6 месеци кога го креираа им беше идеален. Ребалансот кој го бара сега Ковачевски, е на буџетот кој самиот тој како заменик министер го креирал. Владата планира нови задолжување, а во изминативе 3 години не задолжи 2.4 милијарди евра, без ништо да изгради. Само за споредба, претходните влади на ВМРО-ДПМНЕ за 10 години креираа долг од 2.8 милијарди евра. Со новите задолжувања овие две влади на СДСМ ќе бидат владите кои најмногу ја задолжиле Македонија, а немаат ништо направено. Капиталните расходи во периодот јануари – април во 2022 година се само 100 милиони евра или 16,3%. Со вакво темпо, владата едвај ќе надмине 50% реализација на првично предвидените пари за капитални инвестиции, велат од партијата.

Од таму додаваат дека каде одат парите кои утре народот ќе треба да ги враќа? Што направија до сега? Одговорот на овие прашања е причина зошто мора да има предвремени парламентарни избори час поскоро.