– СДСМ за кандидат за градоначалник на Прилеп го кандидира Сугарески кој смени пратенички, министерски и директорски места за сега по кој знае кој пат да алудира за нова функција. Во Прилеп никој не сакал да губи, единствен кој се нафаќал на пораз е вечниот функционер на СДСМ, Сугарески, кој заедно со фамилијата на власт пустошеше изминативе години. Иста е ситуацијата и со Велес. СДСМ нема кандидат кој ќе се нафати да трча освен некој стар истрошен кадар како Марјан Николовски, велат од партијата.
Од таму додаваат дека поголем број општински ограноци откажуваат послушност на Заев заради се поевидентниот пораз на СДСМ.
– Секој во СДСМ се спасува себе си, само Заев и старите и истрошени кадри со него нема кај да бегаат. Време е за одговорност. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе, потенцираат од партијата.