Со оглед на тоа што секој ден Заев го напуштаат членови и коалициски партнери, тој мора да бара поддршка од ослободени робијаши, криминалци и мафијаши. Самостоен настап на овие избори ќе имаат БЕСА, ДОМ, ЛДП, Бошњачкиот демократски сојуз, сите од коалицијата на СДСМ, но и Максим Димитриевски и Зоран Ногачевски во Куманово и Дебарца. Тие, а не ВМРО-ДПМНЕ, велат дека Заев ја претворил СДСМ во приватна фирма, во која нема демократија, туку се се сведува на тоа што ќе одлучи Заев, а органите само аминуваат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-На сите им е јасно дека мафијата на власт работи само за личниот бизнис интерес. Затоа кандидираат лица блиски до себе, како роднината на Оливер Спасовски или бизнис партнерот на Вице Заев. Добрата вест е дека на ова ќе му дојде крај. Поразот на Заев на овие избори ќе значи ослободување и напредок за сите, вклучително и за членството на СДСМ, посочуваат од партијата.