Според ВМРО-ДПМНЕ, Андреј Рајчев кој е еден од основачите на агенцијата застапува тези за македонската историја кои се антимакедонски.

„Србија со една многу подмолна политика успеа да оддели едно парче од Бугарите и да ги претвори во самостојна нација“ е теза на Андреј Рајчев на која се повикува ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ тврди и дека Рајчев е главен идеолог за идејата на отворање на бугарски универзитет во Скопје.

-Тој во интервју за бугарски медиум кажа: „Наш интерес е тие да знаат за Бугарија. Зошто, на пример во Скопје да нема бугарски универзитет?“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија вели дека Рајчев е човек со докажани антимакедонски позиции, и ја негира македонската посебност, национален идентитет, јазик и култура.

– Нема анкетар кој ќе ги застапува тезите на Заев и ќе фризира податоци, па мора да прибегнува кон најмување на најголемите противници на македонското постоење. По оваа денешна анкета гледаме дека Заев е толку очаен што е спремен да плаќа и негатори на македонскиот идентитет само за да создава привидна реалност. Фризирање на јавното мислење нема да му помогне да не изгуби на избори. Време е за соочување со граѓаните, а таму го нема Рајчев и неговите скапо платени анкетари – велат од ВМРО-ДПМНЕ.